Градежните фирми лани ја зголемиле потрошувачката на материјали и енергија

Државниот завод за статистика денеска објави дека фирмите од градежната дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.201.833.000 денари, што е за 18,8 проценти повеќе во однос на 2011 година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата „материјали за врзување“ со 2.846.296.000 денари (30,9 проценти), по што следуваат групите „потрошено гориво“ со 1.710.867.000 денари (18,6 проценти), „материјали за армирање и прицврстување“ со 940.911.000  денари (10,2 проценти).

најчитано сега