Нешто сосема поинакво - „50 нијанси сиво“ доаѓа на 18 јуни

Е.Л. Џејмс авторката на планетарниот книжевен феномен „50 нијанси“ се враќа со ново, четврто продолжение на популарниот еротски серијал.

Новото продолжение, насловено „Grey“ (Сиво) ќе биде објавена на 18-ти јуни, соопштува издавачката куќа „Винтиџ букс“ пренесува АП.

Овој пат приказната е раскажана од „машка перспектива“ односно од перспектива на Кристијан Греј, чија жешка романса со младата Анастасија Стил стана опсесија од меѓународни размери.

Британската авторка наведува дека новата книга им е посветена на читателите што ја „молеле, молеле и молеле“ да напише роман во кој главен наратор ќе биде Кристијан.

– Кристијан е комплексен лик и читателите од самиот почеток беа фасцинирани од неговите желби и мотивации, како и од неговото проблематично минато, наведува е Џејмс и додава дека секој што бил во врска знае дека во сечија приказна постојат две страни.

Од издавањето на првиот роман во 2011-та година трилогијата „50 нијанси“ е продадена во повеќе од 125 милиони примероци и ги собори рекордите во продажбата како на печатените така и на електронските изданија.

Истоимениот филм, кој беше прикажан на почетокот на годинава, заработи повеќе од 500 милиони долари низ целиот свет.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега