Преговори Грувски - Заев: Што донесе денеска Хан во Скопје?

Документ со прецизно утврдени теми за усогласување со стандардите на Европската Унија донел денеска еврокомесарот Јоханес Хан при својата посета на Македонија. Како што неофицијално дознава Press24 од дипломатски извори, Хан на Груевски и на Заев им понудил прецизни решенија и механизми кои би обезбедиле независно функционирање на јавното обвинителство, независен јавен телевизиски сервис како и измени во изборниот систем. Според предлозите на Хан, би се засилила контролата врз буџетските средства а работата на државните институции би била под силна контрола на Собранието.
Се уште не се знае на кој начин ќе се гарантира спроведувањето на овие реформи, но неофицијалните информации кои ги брифираат европските дипломати велат дека ЕУ бара независна комисија во Собранието засилена со правни експерти кои денеска со Хан допатуваа во Скопје.
Како награда за спроведување на реформите, ЕУ би обезбедила неформален скрининг за Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски заедно со лидерот на СДСМ Зоран Заев од утрово се во резиденцијата на европскиот амбасадор во Скопје на средба со Хан. Се очекува подоцна попладнево да се организира и лидерска средба на која би присуствувале и лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи. 

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега