Починал откако не станал пратеник

Британскиот политичар, Чарлс Кенеди, почина вчера на 55 годишна возраст во својот дом, неколку денови откако го загуби пратеничкото место во Долниот Дом.

Кенеди бил пратеник од 1983 година до 2015 година, кога на 7 мај не успеал да обезбеди доволно гласови за влез во Парламентот. Неговите блиски соработници кажуваат дека тој настан длабоко го повредил. Бил уништен и срцето му било скршено.

Инаку Чарлс е поранешен лидер на британските либерал демократи. Со години се борел против алкохолизмот, а најверојатно тоа е причината за неговата смрт.

Со поранешната сопруга Сара се развел во 2010 година, со која имал син- Доналд.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега