Повикувањето такси е полесно од било кога!

Новата мобилна апликација „МоетоТакси“ овозможува брзо и едноставно повикување на такси возило на било која дестинација во Скопје.

Со само неколку кликови, патникот има можностда повика возило, да го следи сè додека не пристигнедобараната дестинација и да биде во константна комуникација со возачот.

„МоетоТакси“ е во употреба во најголемите такси компании во Македонија – НашеТакси, Лотус и Сонце, а во план е понатамошно ширење на соработките и со други такси компании. Апликацијата во моментов е прилагодена само за Android уреди, но наскоро следува iOS верзија.

Tимот зад „Моето Такси“за апликацијата вели: „Нашата цел е да направиме практична алатка која ќе ви користи во вашето секојдневие, без разлика дали имате потреба од јавен превоз додека одите на работа, на училиште/факултет или едноставно одите да поминете време со пријателите. Создадовме алатка која ќе го поедностави начинот на брзо наоѓање такси превоз во секој период во денот, при што ќе ги доближиме и олесниме контактите меѓу вас како клиенти и такси превозниците“.

Сè што треба да направите за да ја преземете „Моето Такси“ на вашиот телефон е да го скенирате овој QR код:

или да го посетите Google Playна следниот линк. Следете ги сите новости врзани за „Моето Такси“ на официјалната Facebook страница:https://www.facebook.com/MoetoTaksi

Пријатно возење.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега