Михаил се разбудил од кома - нема да верувате што прво ги прашал докторите
Едно 14 годишно момче, фан на Јувентус, 42 минути било во водата во една река, но спасувачките екипи успеале да го извлечат и во бесознание да го пренесат во болница.
Италијанските медиуми пренесуваат една интересна, малку чудна приказна за едно момче Михаел од градчето Куѓоне, кој се наоѓа помеѓу Милано и Торино, кое пред еден месец со своите другари скокнало во ладната вода во реката која поминува низ ова градче. Неколку моменти подоцна од водата изглегле сите, но не и Михаел на ного ногата му се заглавила на дното на реката. Како што пишуваат италијанските медиуми, момчето во водата поминало цели 42 минути, а потоа спасувачките екипи го извадиле и во бесознание го однеле во болница.
-Шансите да преживее беа еден спрема милион, но не се откажувавме. Тоа што се случи е најголем успех во мојата кариера. Ладната вода практично помогнала, ги забавила неговите животни функции и се случило чудо, изјави докторот во болницата Сан Рафаел, Алберто Зангрило.
Ампутирана му е десната нога до коленото, но кога се разбудил 14 годишниот Михаел најнапред ги видел своите родители, а потоа прашал:
-Дали мојот Јувентус се уште игра во Лигата на шампионите.
Секако, италијанскиот шампион се уште игра во ЛШ, односно на 6-ти јуни го игра финалето против Барселона.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа