Си-Ен-Ен одбележува 35 години од постоењето
Првата 24-часовна телевизиска мрежа во светот, американската Си-Ен-ЕН (ЦНН) денеска одбележува 35 години од постоењето.
Информативниот канал, кој се емитува по пат сателити и кабловски телевизии, чиј основач е Тед Танер, почна со работа на 1. јуни 1980 година, а водители на првата емисија беа брачната двојка Лоис харт и Дејв Вокер. Еден од заштитни лица на Си-Ен-Ен е познатот водител Лари Кинг.
Информативните сервиси на Си-Ен-Ен денес се достапни на пет различни јазици на сите важни телевизиски, интернет и мобилни платформи. Си-Ен-Ен има 41 редакција и повеќе од 1.200 филијали во светот преку својот „Њузсорс“.
Најголем потфат на Си-Ен-Ен е начинот на кој ја следеше Заливската војна, а подоцна сите информативни мрежи ја следат таквата идеја.
Седиштето на телевизиската мрежа е во Атланта, додека програма се емитува од Атланта, од Њујорк, од Вашингтон и од Лос Анџелес.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа