Грција планира да потпише меморандум за „Турски поток“ до крајот на месецот
Грција планира да потпише меморандум за политичка поддршка на изградбата на гасоводот „Турски поток“ на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, изјави во интервју за телевизија „Русија 24, грчкиот министер за реформи, животна средина и енергетика Панајотис Лафазанис.
- До 18-20 јуни активно ќе го подготвуваме тој документ, што ќе содржи првенствено политичка поддршка, истакна министерот, додавајќи дека цената на грчкиот дел од гасоводот ќе изнесува 2 милијарди долари, пренесува ТАСС.
Според Лафазанис од грчките компании постои голем интерес за изградба и користење на гасоводот во следната фаза, како и дека со тоа ќе управува грчка државна компанија.
Лафазанис истакна дека прашањето за финансирање е решено и дека инфраструктурниот проект се проценува на околу 2 милијарди долари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа