Метеоролозите ни носат прекрасни вести - цела недела сончево време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Условите за нестабилност се мали, но можна е само изолирана појава во крајните западни планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во среда времето ќе биде претежно стабилно, сончево и топло со благ пораст на дневната температура која ќе се движи од 25 до 32 степени.

Во вторник и среда УВ-индексот ќе изнесува 8.

Позначителна дестабилизација на времето ќе има во четврток и петок кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови, со засилен ветер, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега