Снимале како го тепаат за да изговори зборови од Исламот - претепан малолетник од Куманово
Двајца малолетници од Куманово со тепање терале две години помладо момче од нив да изговори зборови од исламот.
Се работи за две деца на возраст од 14 години кои на улицата „Гоце Делчев“ во Куамново го пресретнале 12-годишниот малолетник и започнале да го удираат во пределот на вратот, на тој начин присилувајќи го да изговори зборови од исламот.
Насилниците делото кое го направиле го снимиле и со мобилен телефон.