Бериша: Рама поттикнува кавги во регионот, погреши со Македонија

 

Поранешниот претседател и премиер на Албанија и духовен лидер на десницата Сали Бериша  го обвини актуелниот премиер Еди Рама за поттикнување на конфликти и кавги во регионот.

 

Бериша за албанската телевизија „Клан“ рече дека Рама многу погрешил и со Македонија.

Неприфатлива е изјавата за вето на Македонија за членство во НАТО, истакна Бериша  и додаде дека во момент кога  во Македонија има криза и состојбата не е добра, Рама настапува далеку од сите начини на дипломатско делување.

Бериша исто така го критикуваше Рама и за, како што рече, неуспешната средба со Али Ахмети и Мендух ачи во Поградец.

„Не се организира така средба. Тирана треба да ги свика, но сепак тие се лидери на Албанските партии во Македонија“  додаде тој.

Во врска со Охридскиот договор, Рама треба да знае дека за тој договор гаранти се САД и повеќе Европски држави, истакна Бериша.

Рама од страна на Бериша беше обвинет и за погрешната политика и упатување на закани од Тирана на адреса на новата грчка влада и тоа на прес конференција со српскиот премиер Вучиќ. Тоа е погрешен пристап во дипломатијата додаде Бериша.

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега