Попладнево подгответе се за дожд
– Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло. Преку денот ќе дува слаб, а наместа умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и малку потопло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
За време на викендот се очекува претежно стабилно, суво и потопло време. Сепак, во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а од средината на наредната недела ќе продолжи затоплувањето, но во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд со грмежи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа