Нешто се готви - руската империја ги засилува границите со нов ракетен систем

 

На Камчатка стигнаа системи „S-400 trijumf“. Замавот на воената индустрија, е најава за производство на делови ко до сега беа увезувани од Украина.

Како што беше најавено Русија ќе ја засили својата источна граница. На Камчатка стигна четврт ешалон на S-400, а наскоро ќе стигне и петтиот.

Оваа година руската армија ќе добие 20 дивизиони ракетни системи, S-400 и така двојно ќе ја подобри ефикасноста во противвоздушната одбрана. S-400 triјumf е еден систем кој може да користи повеќе од четири ракети кои имаат различен домет и тежина.

Поради големото ниво на автоматизација, намален е бројот на екипажот кој ракува со овој систем. Ракетите лесно се пренасочуваат. Истите се користат уште во армијата од 2007 година.

Руската армија ќе добие и нови реактивни повеќецевни фрлачи tornado-s кој е го замени досегашниот систем  „Smerč“ со калибар од 300 милиметри.

 

На неодамнешниот состанок со воениов врв на Русија како и со претставници на воено индустрискиот комплекс, Путин инсистирал да руската индустрија што порано почне со производство на делови за воена опрема кои до сега ги набавуваа од Украина и други земји. Поради лошите односи Москва и Киев, Украина престана да продава мотори за воените бродови.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега