Премиерот Груевски на средби со премиерите на Албанија, Црна Гора, Косово и Србија

 

Премиерот Никола Груевски на маргините на Виенскиот економски форум оствари билатерални средби и разговори со премиерите на Албанија, Црна Гора, Косово и Србија.

На средбите кои Груевски ги оствари со Еди Рама, Мило Ѓукановиќ, Иса Мистафа и Александар Вучиќ биле рзменети ставови за билатералната соработка и заедничките приоритети за целосна интеграција на регионот во Европската Унија.

-Разменивме мислења за севкупните случувања во регионот и во нашите држави и се договоривме да имаме уште посилна соработка во правец на зајакнување на нашите позиции како држави, зајакнување на регионалната и меѓусоседската соработка во остварувањето на заедничката цел членство во Европската Унија, и интеграција во НАТО на државите кои се уште не се нејзини членови, изјави премиерот Груевски по билатералните средби и разговори со своите колеги.

Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, присуствуваше на Виенскиот економски форум што се одржува во Тирана, Албанија.

На Форумот балканските лидери истакнаа дека преку економскиот раст, подобрата инфраструктура и креирањето на работни места би се намалиле разликите помеѓу земјите од Балканот и земјите од Европската Унија. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 15:46
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега