Нема да верувате која актерка одби да глуми во „Педесет нијанси на сиво“

 

Денерис Таргариен одби улога во „Педесет нијанси на сиво“ поради еротските сцени.

Актерката Емилија Кларк е позната по покажувањето на своето голо тело во популарната серија Game of thrones. Таа до сега има снимено доста еротски сцени. Но и покрај тоа Емилија открива дека ја одби улогата на Анастасија Стил во филмската адаптација на популарниот еротски роман поради премногу голотија. Таа вели дека не би сакала на тоа да изгради кариера. 

„Навистина сакав да работам со Сем Тејлор Џонсон бидејќи е сјајна, но во филмот има премногу голотија. Не би рекла дека никогаш нема да снимам голи сцени, бидејќи тоа веќе го направив, но мислам дека после тоа ќе бидам позната само по голотија.“, рече Емилија.

Убавата глумица призна дека не е многу задоволна со своето тело. Таа никогаш веќе нема да го прогугла своето име, бидејќи доволно било само една личност да напише дека е дебела за таа да поверува во тоа. 

 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега