ВИДЕО: Убава сум и ќе успеам во тоа - како да станете посреќна личност?

Сите луѓе кои имаат некаков проблем се плашат да се борат со него, но ако тој проблем  го одложуваме нема никогаш да се реши. 

Убава сум и ќе успеам, ова мото нека ве следи во животот. 

- Рекреација против стресот, да го пробам и тоа 

- Немам кондиција, нема да го издржам овој маратон

- Велат дека јогата го менува животот, да го видиме и тоа чудо

- Никогаш нема да имам рамен стомак како неа. 

- Премногу сум килава

- Како од толку вежби не и претставува напор, ми се чини како да ужива во тоа. 

Уживање- тоа е клучен збор. Се што правиме во животот, треба да уживаме додека го правиме и да се чувствуваме исполнето. Тогаш стануваме среќни и задоволни со себе и со својот живот. Меѓутоа, често на нас ни е потребна мотивација. „Дали сте биле некогаш во ситуација вас да ве понесе еланот? Да сакате да се пормените себе си, своето тело, да живеете здраво, но никако да почнете.

Од следната недела:

- Имам премногу обврски, следниот месец сигурно ќе почнам нешто да вежбам 

Сигурно овие изговори ви се добро познати. Она што е препознатливо кај нас луѓето, е тоа што секогаш одложување. Одложуваме од она од што се плашиме и што мислиме дека нас ќе ни претставува проблем. Меѓутоа, ако не се спортиставиме со тој проблем, никогаш нема да најдеме решение. 

Женскиот пол е многу чувствителен по прашањето несовршеност. Колку пати до сега, шетајќи по градот гледате згодни девојки и потоа се погледнувате себе, сметајќи дека сте далеку од совршенство?Колку пати ви било непријатно да облечете куси панталони или куса скуќничка, бидејќи наводно немате обликувани нозе?  Колку пати ви било тешко да одете на плажа и да се сончате, а покрај вас гледате како лежат згодни девојки? А зоштпо ова си го правиме на себе? Јас сакам да се појам со моите совршенства. Правете го она за кое сметате дека е најдобро за вас. Фрлете ги сите модни списанија, променете го каналот кога манекенките на Викотрија Сикрет ќе продефилираат на писатата. Мене такво освршенство не ми треба, а на вас? Самите направете си ја својата убавина и уживајте во неа. За се е потребно малку мака, но тоа не е ништо страшно. Важно е да се ПОЧНЕ! Изреката во здраво тело, здрав дух, ќе ви стане потполно јасна по одредено време. Обидете се спорот и вежбањето да не ви претставува напор. Уживајте во тоа што го правите за себе и не обрнувајте внимание на другите. Ослободете се од ланците дека морате да изгледате убаво. секоја од нас е убава на свој начин. Прифатете ги своите несовршености и не дозволувајте да станете жртва на вештачка убавина. Сакајте го вашето тело!

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега