Мемфис се прости од Би Би Кинг

Мемфис, градот во кој Би Би Кинг ја започна својата музичка кариера, се прости од блуз легендата на погребна церемонија на која присуствуваа неколку илјади луѓе кои извикуваа „да живее кралот“, додека поворката се движеше по градските улици.  

Процесијата мина и низ улицата „Бил“ позната по големиот број блуз клубои, каде Кинг ги напарвил своите почетоци во музиката.

На чело на погребната поворка се наоѓаше гитарата од марката „Гибсон“ наречена „Лусил“, кој му била омилена на Кинг. За цело време на движењето на поворката, бенд ја свиреше псната „When The Saints Go Marching In“

- Се враќа дома во местото каде музичарите црнци некогаш тешко успеваа, изјави догогодишниот пријател на Кинг, Карвер Рандл.

Кинг беше легенда на блуз музиката и многумина го споредуваа со уште еден мемфишанец - „кралот на рокенролот“ Елвис Присли. 

Би Би Кинг почина на 14 мај на 89-годишна возраст.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега