Русија обвинета за распоредување војници на границата со Украина

Руската армија распоредува свои војници и тешко оружје, вклучлително и мобилни ракетни системи, тенкови и топови, во времената воена база во близина на границата меѓу Русија и Украина, јави БТА, повикувајќи се на изјава на западен новинар, кој тврди дека лично ги видел руските сили.

Според истиот извор, броевите и ознаките на поголемиот број оружја стационирани во Кузмунскиот полигон за гаѓање се прекриени, а повеќето од војниците немаат никакви обележја на униформите.

- Навидум тие потсетуваат на некои од војниците што се борат во источна Украина и за кои Киев и западните сојзуници тврдет дека се припадници на руските воени единици, вели западниот новинар. 

Кузмунскиот полигон се наоѓа на околу 50 километри од руско-украинската граница и според новинарот, руските вони активности претставуваат доказ дека Русија распоредува дополнителни сили во регионот. 

Минстерството за одбрана на Русија засега не ги коментираше ваквите обвинувања за трупање војска на границата со Украина.

Од друга страна, руски војници стационирани на полигонот за западни медиуми изјавиле дека пристигнале тука на „најобична воена вежба“.

Запрашан за коментар дали распоредувањето на дополнителни руски сили на границата значи дека Русија подготвува упад на територијата на Украина, портпаролот на Кремљ, Дмитирј Посков кусо одговори дека самата формулација „подготвува упад“ е неумесна. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега