Помош за поплавените подрачја - префрлени пари на 300 семејства

По повод поплавите кои зафатија делови од нашата држава на почетокот на оваа година, Црвениот крст на Република Македонија спроведе низа активности со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население.

На почетокот на годината беше објавен апел за помош кој го поддржаа голем број институции, компании, граѓани и наши иселеници во странство. Со апелот беа собрани средства кои им беа доделени на настраданите семејствата од поплавените подрачја, како помош за санирање на последиците од поплавите.

Од дополнителните активности кои беа преземени се обезбедија парични средства  кои во вид на втор дел на помош и поддршка  на ден 27 и 28 мај 2015 година се префрлени на сметките на 300 семејства.

Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш упатува голема благодарност до сите вклучени субјекти, институции, компании и граѓани за помоштта и поддршката на оваа хуманитарна акција. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега