Премиерот Груевски на Виенски економски форум во Тирана

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на сесијата на Виенскиот економски форум, која се одржува во Тирана, Република Албанија.

На Форумот освен македонскиот премиер Груевски ќе учествуваат шефови на влади и претставници на извршната власт од осум други земји, меѓу коИ се премиерот на земјата домаќин Албанија Еди Рама, премиерите на Србија Александар Вучиќ, на Косово Иса Мустафа,  на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

Темата на актуелниот Виенски економски форум е „Од Берлин до Виена - враќање на геополитичката сигурност за Западниот Балкан”.

Македонскиот премиер Никола Груевски ќе има обраќање на Форумот во кое се очекува да говори за стратешките цели и интереси на државата, иницијативите за јакнење на односите и меѓусебната соработка на државите, како и за напорите за зацврстување на економијата како сигурен начин за напредок и остварување на зацртаните цели.

Модератор на собирот во Тирана е поранешниот вицеканцелар и шеф на дипломатијата на Германија Јошка Фишер, а учествуваат и поранешниот италијански премиер Масимо Далема и првиот човек на СЕКИ иницијативата и координатор на поранешниот Пакт за стабилност во Југоисточна Европа Ерхард Бусек

Виенскиот економски форум е формиран во 2004та година како форма на соработка иницирана и поддржана од австриската Влада за промоција на економската соработка и инвестициите, како и јакнење на односите и врските меѓу Европа и земјите од Западен Балкан.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега