Наташа Беквалац ги шокираше фановите: Се повлекува од јавноста!

Барбиката од Нови Сад, Наташа Беквалац, преку Инстаграм ги известила нејзините фанови дека се повлекува од јавноста на некое време. Причина за ваквата одлука е тоа што целосно сака да му се посвети на новиот албум кој го подготвува.

Мојот тим и јас се повлекуваме на еден месец и се затвораме во студио. Веќе две години работиме на мојот нов албум и следното нешто што ќе го видите од мене е листата на новите песни на двојниот албум. Бидете ми добро, ве бакнувам и обожавам, напиша таа на Инстаграм.

Фановите на Наташа посебно се израдувале поради најавата за двојниот албум.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега