Студентите ќе ги добијат ваучерите за бесплатните таблет компјутери

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и деканот на Природно - математичкиот факултет Ицко Ѓоргоски, денеска во просториите на факултетот ќе ги доделат ваучерите за набавување таблет компјутери со надворешна тастатура.

Вкупно 4.570 студенти ќе добијат бесплатни таблет компјутери во рамки на владиниот проект за доделување вредносни бонови - ваучери за набавување таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби. 

Од пристигнатите 7.290 апликации, 1.938 биле одбиени, а 728 дополнително ќе се проверуваат. Најмногу ваучери се доделени на скопскиот УКИМ и на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а најмалку на охридскиот.

Таблет компјутерите се наменети за редовните студенти од трета и од четврта година и за студентите евидентирани како лица со посебни потреби од која било година на студии во учебната 2014/2015 година, на високообразовните установи во Македонија, а кои доаѓаат од семејства со бруто приходи не поголеми од 32.741 денари.

Ваучерите се со вредност од 8.000 денари, а таблет компјутерите студентите може да ги набават најдоцна до 25-ти јуни. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега