Стотенберг: НАТО ќе го штити интегритетот на државите во Европа

Генералниот скеретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата ќе го штити територијалниот интегритет на државите во Европа во услови на зголемени тензии на нејзиното источно крило поради кризата во Украина, јави ДПА.

- Силно ќе ги штитиме суверенитетот и територијалната целовитост на сите европски земји, изјави Столтенбер во обраќање во Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон.

Тој вети дека НАТО ќе работи за да обезбеди стабилност и независност на Грузија, Молдавија и Украина. 

- Овие земји не се тампон зони, туку се независни и суверени држави. Тие имаат право сами да решаваат по кој пат ќе одат и ние ќе им помогнеме на тој пат, порача Столтенберг.

Првиот човек на Алијансата притоа и порача на Русија да не ги попречува стремежите за членство во НАТО на нејзините соседи, како што се Грузија или Украина.

- Дали некоја земја ќе стане членка на НАТО или не, треба да решат самата таа и 28-те членки (на Алијансата) и никој друг, нагласи Столтенберг. 

Тој оцени дека примирјето во источна Украина и натаму се крши и ги повика сите страни вмешани во конфликтот да најдат политичко решение за кризата.

Како што јави ТАСС, и во оваа прилика Столтенберг повторно ја обвини Русија дека ги подржува проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск и дека испраќа оружје и свои војници на украионска територија и воедно уште еднаш ја осуди руската анексија на Крим.  

- Она што се случува во Украина ги поткопува основните принципи на европската безбендост, истакна генералниот секретар на НАТО. 

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега