ФОТО: Лавина негативни коментари под разголената фотографија на популарната актерка

Актерката Лена Данам е најпозната по тоа што не се срами од своето тело и често позира во долна облека. Меѓутоа нејзините фанови не беа одушевени со новата фотографија која ја објави на Инстаграм па ја искритикуваа.

Пропорциите на Лена сигурно не се вклопуваат во холивудските стандарди, но таа воопшто не се срами од тоа, па често се фотографира во разголени изданија.

- Ја обожавам мојата долна облека и мислам дека ќе ја носам на вечера, со чизми и насмевка, бидејќи сите ние сме многу среќни оти сме слободни, напиша актерката под фотографијата.

Следеа неколку позитивни и бројни негативни коментари во кои обожавателите и порачаа дека фотографијата е одвратна и ја замолија да престане да се фотографира разголена.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега