Вучиќ: Белград подготвува одговор на најавите на Тачи за тужба против Србија за геноцид

Србија подготвува одговор на најавите на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи дека Приштина наскоро ќе покрене тужба против Србија за геноцид, изјави вечерва во Тирана српскиот премиер Александар Вучиќ.

- Морам да признаам дека не го разбирам ова. Јас ги почитувам сите наши соговорници и во Брисел и насекаде и како што знаете ги почитувам и не се плашам од ниту еден од нив, но господинот Тачи не е правник и тој и не се разбира сосем во тоа што е геноцид. изјави Вучиќ за српската државан телевизија РТС.  

Според Вучиќ, со ваквите најави Приштина се обидува да го одвлече вниманието од формирањето на Специјалниот суд, за што одлука треба да биде донесена утре или в петок.

- Ајде да не зборуваме за нешто што нема никаква врска со фактите, рече Вучиќ, кој престојува во дводневна посета на Тирана.

Тој сепак нагласи дека „многу сериозно“ ги сфаќа најавите за тужба од Приштима, па затоа Србија подготвува и свој одговор.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега