Полицаец спаси жена од водите на Кумановка

Припадник на СВР Куманово, попладнево по 16 часот, спаси повозрасна жена, која според првичните информации на кумановската полиција, се лизнала и паднала во реката „Кумановка“ во близина на речниот кеј.
 
Полицаецот во униформа скокнал по неа во реката Кумановка. Според првичните информации на кумановската полиција, кај нив случајот го пријавиле минувачи кои забележале дека жената се лизнала и паднала во реката кај  мостот пред населбата „Перо Чичо“.
 
Биле повикани и екипи на Територијалната противпожарна единица и на Итна помош Куманово. Жената била пренесена во одделнието за хирургија, информираа од Итна Помош Куманово.
 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега