СПЦ одобри условно продолжување на дијалогот со МПЦ

Светиот Архиерејски Собор на Српската православна црква денеска го одобри продолжението на дијалогот меѓу претставници на СПЦ и Македонската православна црква – ОА а условот, како што се наведува во соопштението од Соборот, е стопирање на прогонот на архиепископот охридски и митрополит скопски Јован.

Како што е наведено во соопштението на СПЦ, Соборот начелно го одобрил продолжението на дијалогот со цел, како што се наведува, изнаоѓање канонски исправно и во црковен дух прифатливо решение за статусот на МПЦ-ОА.

Услов за дијалог, се додава во соопштението од Соборот, е стопирање на прогонот на Јован Вранишковски, како и прогонот на повеќе свештеници и верници на автономната Православна охридска архиепископија, односно откажување од судски процеси коишто веќе се покренати против нив. 

Соборот посочува дека за потребите на обновувањето на дијалогот треба да се формира нова Комисија на Светиот Архиерејски Собор, а за нејзин претседател да се именува митрополитот црногорско-приморски господин Амфилохие, а избран е и составот на Комисијата.

Со ова, се наведува, вон сила се ставаат сите досега донесени одлуки со кои биле одредени состави на поранешните комисии за водење на дијалогот.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега