Најмалку 80 загинати при воздушни напади во Јемен

Во воздушни напади на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија врз позиции на шиитските бунтовници Хути и нивните сојузници во Јемен, денеска загинаа најмалку 80 лица.

Како што јави Фена, со толкавиот број жртви, денешните бомбардирања претставуваат најсмртоносен напад од почетокот на операцијата на арапската коалиција против шиитските бунтовници Хути пред два месеци.

Само при бомбардирање на воена база во главниот град на Јемен, Сана загинале најмалку 40 лица, а над сто се ранети. Според очевидци, најголем број од жртвите се цивили. 

Во друг воздушен напад во пограничниот регион Бакел ал-Мер во покраината Хаџа, загинале уште околу 40 лица.

Локален жител од Бакел ал-Мер во изјава за западни медиуми тврди дека Хутите денеска ги нападнале саудиските сили на границата, на што тие возвратиле со воздушни напади врз позициите на бунтовниците, при што загинеле и голем број цивили.  

Хутите лани во септември ја освоија Сана, по што во следните месеци ја проширија територијата под нивна контрола и во централните и јужните делови на Јемен. Арапските земји од регионот на Персискиот Залив и пред се Саудиска Арабија, напредувањето на Хитите го сметаат како закана од ширење на иранското влијание на Арапскиот Полусотров. поради што на 26 март започна операција на воздушни напади врз позициите на бунтовниците, чија цел е враќање на власт на јеменскиот преседател Абд Рабу Мансур Хади, кој во моментов се наоѓа во егзил во Ријад.  

Покрај взодушните напади, саидиските сили водат и копнени борби со Хутите и борците на локалните племиња кои се сојузници на шиитските бунтовници во пограничните региони меѓу Јемен и Саудиска Арабија. Очевидици тврдат дека во последниве денови дошло до интензивирање на судирите меѓу судиските војници и шиитските бунтовници.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега