Со проектот „Македонија вработува“ дневно се вработува 51 лице

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими на денешната собраниска седница за пратенички прашања рече дека постои голема заинтересираност за проектот „Македонија вработува“ кај приватниот сектор и дека досега се вработени околу 1.060 лица, пренесува МИА.

Тој додаде дека со проектот се овозможува голем опфат на повеќе категории невработени граѓани, а самиот проект претставува надградување на мерката за вработување на млади лица до 29 години со ослободување од плаќање придонеси во траење од 12 месеци. 

- Преку проектот Македонија вработува дневно речиси се вработуваат по 51 лица и најмногу вработувања има кај лицата до 29-годишна возраст како и кај лицата до 35 години. Досега со овој проект се вработени околу 1.060 лица по барање од страна на 892 фирми. Значи со сегашниот ефект од оваа мерка вработени се околу 1060 лица, рече Ибрахими на прашање од пратеничката Даниела Рангелова.

Тој информира дека претходно со мерката за вработување млади до 29 години било овозможено вработување на 7.712 лица и ја искористиле 4.229 компании од кои најголемиот број биле мали компании до 10 вработени (3.531 комапнија).

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега