Толку млада, а импресивна бизнис-жена!

Тејлор Свифт е најмладата жена која влезе во листата на Forbes за најмоќни жени во светот. Пејачката со своите 25 години го зазеде 65 место во годишната листа, каде главно доминираат политичарки, бизнисменки, активистки.

Од Forbes велат дека Свифт не само што има рекордна продажба на албуми и го воодушеви светот со своите искрени текстови, туку и се докажа како импресивна бизнис-жена. 

Свифт, седум пати е добитничка на Греми награда, има продадено над 40 милиони албуми и има над 100 милиони симнувања на интернет- правејќи ја една од најдобрo продаваните изведувачи. 

На листата на 100 најмоќни жени, на лидерското место се наоѓа германската Канцеларка Ангела Меркел, а по неа следи Хилари Клинтон.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега