„Сонував мојот син Сандро да заигра за Хајдук, но војната ми ги уништи сите соништа“

Еден од најтешките злосторства во Тузла и околината за време на војната кои се случија на 25. мај 1995 година, активисти за човекови права од Белград, по улиците во четири градови во Србија, собираа пораки на обични граѓани, со што ја одбележаа 20-годишнината од убиствата на 71 лице, што ги извршија силите на босанските Срби во Тузла.

Најмалата жртва беше и двеиполгодишниот Сандро Калешиќ, детето кое беше погодено од куршум директно во срце додека седеше со родителите во кафе  бар. 

Таткото на Сандро по повод 20 годишницата од трагедијата раскажува како ја замислувал иднината на својот син и дека денеска да беше жив ќе се занимава со фудбал, бидејќи уште од неговите први чекори покажал интерес за овој спорт. 

- Врзан беше за токата уште како мал, гледаше натпревари со мене, игравме по дома и надвор. Веднаш почна со двете нозе да игра одеднаш, видов веднаш дека детето има талент, денеска да беше жив ќе имаша 22 години и веројатно би завршел факултет и за себе ќе имаше играно три или четири прволигашки натпревари во фудбал. Би бил умсерен на Хајдук, таква ми беше визијата, да се преселиме таму, открил таткото на трагично загинатот дете за време на војната во Тузла.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега