Колкава била просечната плата во март?

 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „уметност, забава и рекреација“ за  9,4 проценти, „други услужни дејности“ за 7,1 процент и „дејности на здравствена и социјална заштита“  за 5,5 проценти. 

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: „рударство и вадење камен“ за 15,6 проценти, „земјоделство, шумарство и рибарство“  за 6,8 проценти и  „трговија на големо и трговија на мало“, „ поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 6,2 проценти.

Исплатената месечна бруто плата во март изнесувала 31.455 денари.

Во март годинава 1,1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега