Рама: Да направиме исто како Германците што направија за себе по Втората светска војна

Премиерот на Албанија  Еди Рама изјави денеска дека се дава можност на Албанците и Србите за доброто на своите држави и целиот регион, да го направат она што Германците го направија за себе по Втората светска војна. Рама тоа го нагласи во заедничкото обраќање со премерот на Србија Александар Вучиќ, јави Танјуг.

- Тоа што сепак имаме различни ставови за некои работи не значи дека не сме свесни за фактот дека двете држави играат значителна улога во зачувување на мирот, рече Рама.

Тој вели дека верува оти заедно ќе успеат да ги унапредат односите и да спроведуваат  агенда за регион без граници.

- Се надевам дека заедно ќе тргнеме понатаму на патот кон Европската унија, потенцира Рама. 

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 13:43
Фото: 
телеграф.рс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега