Британија ќе одржи референдум за членството во ЕУ

Велика Британија ќе одржи референдум за членство во Европската унија до крајот на 2017 година, изјави денеска кралицата Елизабета Втора, изложувајќи законодавен план на новоизбраната влада во парламентот.

- Законот ќе биде донесен за да се обезбеди референдум за членство во Европската унија пред крајот на 2017 година, рече британската кралица во својот традиционален говор на почетокот на работата на парламентот.

- Мојата Влада ќе преговара за односот на Обединетото кралство со Европската унија и ќе тежнее за реформи на ЕУ за доброто на сите држави членки, нагласи таа.

Британскиот премиер Дејвид Камерон чија Конзервативна партија освои победа на изборите во мај, планира до крајот на 2017 година да распише референдум за членство во ЕУ и како што наведе, дотогаш да ја преиспита улогата на својата држава во Унијата. 

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега