Данската премиерка повика на предвремени избори во јуни

 

Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит денеска повика на одржување парламентарни избори на 18 јуни, иако анкетите покажуваат дека нејзината коалиција на левиот центар се соочува со голема конкуренција на опозицијата. 

- Данска е повторно на прав пат, излеговме од криза. Време е да ги прашаме Данците дали сакаат да го задржат овој правец, изјави премиерката Торинг-Шмит. 

Анкетите покажуваат дека коалицијата на социјалдемократите е 7-8 проценти зад блокот на либералите. 

Евроскептичарската Данска народна партија би можела да се најде во коалиционата влада по првпат во својата 20-годишна историја. 

Четиригодишниот мандат на премиерката Торнинг-Шмит и истекува на 14 септември, додека опозицискиот блок на десниот центар предводен од поранешниот премиер Ларс Локе Расмусен има предност според најновите анкети.

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега