Група Македонци извршиле преку 30 кражби во Венеција
Овие денови полицијата во Венеција уапсила Македонци кои се сомничат за извршени 30 тешки кражби во градот, пренесе Дневник.
Се работи за група од осуммина македонски државјани кои се осимничени за повеќе од 30 кражби за кои си имале разработено посебен систем.
Крадците долго време ги избирале жртвите и ги набљудувале објектите, краделе само навечер во куќи со аларми и системи за заштита од кражби, а провалувале и во комерцијални објекти.