Српски и француски хомосексуалци не можат да склучат брак поради Тито?

И покрај тоа што веќе одамна во Франција се дозволени хомосексуални бракови, сепак граѓаните на Србија кои се хомосекасуалци нема да може да уживаат во брачна заедница со Французите, а причината за тоа е Јосип Броз - Тито, дознава српски „Ало“. 
 
Причина поради која Србите нема да може да уживаат во брачна заедница со Французите е конвенцијата која СФРЈ, на чело со Јосип Броз Тито, уште далечната 1971 година, ја потпишале за таа земја. СФРЈ со Франција потпишала Конвенција за надлежност и за законот кој се применува во областа на личното и семејното право. Според тој документ, српските граѓани бракот со државјанин од Франција го склучуваат според законите на Србија. 
 
Бидејќи во Србија геј браковите се забранети, ЛГБТ граѓаните од Србија не може да уживаат во бракот со француски државјанин.  
 
Извор: Ало.рс

најчитано сега