Советот на Европа ќе отвори канцеларија во Скопје
ПССЕ со огромно мнозинство ја усвои резолуцијата и препораката на известувачот, британскиот парламентарец Роберт Волтер, за постмониторинг дијалогот со Република Македонија, во кои се препорачува отворање на канцеларија на Советот на Европа во Скопје, пишува дојче Веле.
ПССЕ ќе ја отвори канцеларијата во државава со цел да се олесни патот на Македонија кон ЕУ.
- Тоа не е кацеларија за набљудување на ПЈРМ. Тоа е канцеларија за работа со ЕУ за да се обидеме да развиеме проекти за соработка, како што имаме во Белград и другите земји и кои работат крајно добро, изјавува за отварањето на канцеларијата претседателот на ПССЕ, Жан Клод-Мињон.
- Среќен сум што препораката и резолуцијата беа изгласани на ваков начин. Тоа ќе биде добро за земјата и се надевам дека се‘ она што си го рековме во Скопје со претставниците на земјата, сега ќе се реализира, додава тој.
ФОТО: Мтв