Пофалба од ММФ за економските политики на Владата
ММФ даде пофалби за Македонија во однос на конзервативни политики, кои и овозможија подобро да се справи со ефектите од глобалната криза и шоковите врз економијата, пренесе Курир.
Инаку, поддршката која Македонија ја добива од меѓународните финансиски институции, ММФ и Светска банка, влијаеа на намалување на притисоците за финансирање на јавниот сектор.
ММФ воедно дава и поддршка за начинот на кој Владата ги менаџира еконосмките политики за одржување на финасиската стабилност и покрај тешките услови со кои се соочува државата.
Шефицата на мисијата, Ивана Владкова Холар при последната посета на Мисијата во април ги потврди успешните политики на Владата.
- „Одржувањето на макроекономска стабилност е многу важен услов за раст на економијата. Тоа налага обезбедување одржлива фискална политика, со постепено намалување на дефицитот и долгот со тек на време“, изјави Холар.
ФОТО: Нетпрес