Постојат 4 вида темперамент - дознајте каде припаѓате вие

Обично тестовите за проверка на темперамент се составени од долг список со прашања. Но постојат неколку физички карактеристики и состојби кои покажуваат  кој евашиот темперамент. Психилошките истражувања покажале четири вида темперамент и тоа: Сангвиник, кај кој најмногу се лачи крв, колерик кај кој најмногу се лачи жолчна течност, меланхолик - црна жолчка и флегматик-слуз. Еве што ги карактеризира:

Колерик-  овие лица реагираат брзо, силно, со долго време траење, на лицето им се гледа што чуствуваат. Основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се “главни” со што ги свртуваат другите против себе. Брзо пламнуваат и таа лутина долго ја задржува и останува лут и гневен.

Сангвиник - реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам. Активен е, започнова некои работи но не ги завршува до крај, лесно воспоставува контакти со многу луѓе кои најчесто се површни. Брзо пламнува а потоа може да се кае.

Меланхолик - реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чуствуваат(интравертно), основна емоција им е тага и песимизам. Настаните длабоко ги преживува, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели. депресивно реагира. Не реагира брзо и ако некој ги навреди , таа навреда ја памти.

Флегматик -  Чувствата не преовладуваат над флегматикот брзо и не се развиваат лесно. Него му е полесно од на другите да се воздржи од избрзано донесување одлуки, а пред тоа добро да не размисли за нив. Тој тешко се раздразнува, ретко се жали, своите маки ги поднесува трпеливо и туѓите патешествија малку влијаат на него. Тој не се одлучува брзо на склопување пријателства, меѓутоа на постоечките е доста верен. Секогаш знае што сака и ретко се меша во работите на другите. Чест се припишува дека мрзеливоста, апатијата, безгрижноста, досадата, тешкотијата за разбирање се одлики на флегматикот, но тоа е сосема неточно.

Па, каде припаѓате вие?

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега