Соочен со падот на сопственото мрачно сценарио Заев им се нуди на албанските гласачи преку продажба на македонските интереси

Како скандалозно и антимакедонско, јавноста го оценува интервјуто на лидерот на СДСМ Зоран Заев за косовската телевизија РТК. Од Косово Заев порача како ја замислува македонската држава ако тој е на власт – безимена, федерализирана, без идентитет каде Македонците учат албански јазик уште од градинка.

Соочен со сопствениот и падот на неговото мрачно сценарио, како и фактот дека е свесен за немањето поддршка кај народот, Заев кукавички посегнува по картата за разнебитување на македонската држава, поткопување на унитарноста и губење на идентитетот на единствената држава на македонскиот народ во обид за сопствениот спас.

Македонците да учат албански јазик од градинка, ветува Заев во неговата најнова заложба. Албанскиот јазик да се употребува во органите на целата територија на Македонија и во Делчево, Штип, Струмица, Кавадарци и други градови е уште една заложба на Заев.

-Ги изгубивме изборите во 2006 поради нашето однесување, не казнија граѓаните и Албанците и Македонците. Во градинките, основните и средните училишта... Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина, изјави Заев.

Заев во интервјуто говори и за некакво продлабочување на охридскиот договор. Имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во целост, експертите сметаат дека се подрзабира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охрискиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Ваквото очајно додворување на Заев кон албанскиот фактор на штета на македонските граѓани. Заев не застанува тука туку оди и подалеку.Тој е подготвен да го продаде и идентитетот на Македонците само за да се додвори кон странскиот фактор. Тој вели дека не е важно што ќе пишува во Обединетите нации за идентитетот, а црвена линија треба да биде мултикултурализмот.

-Доколку зборуваме за проблемот и вложуваме напори да најдеме решение, ќе успееме во тоа. Но нашата земја треба да има унифициран став по однос на ова прашање. Ние мора заеднички да ги поставиме црвените линии, а црвените линии не ни требаат само за пред Грција, туку за пристап кон решавање на проблемот, исткна Заев во интервјуто.

Лидерот на СДСМ очигледно при очајното додворување на Албаниците, а во потрага по политички поени е подготвен на сè.

Заев  во кумановската Дива населба во понеделникот си правеше селфи фотографии со Албанците и покажуваше два прста симболизирајќи го знакот на УЧК.

Само неколку дена подоцна опозицискиот лидер се најде во друштво со луѓето кои дадоа јавна поддршка на терористичката група.

Па така, лица кои и дадоа поддршка за 113 та косовска бригада именувана како Исмет Јашари се најдоа и на митингот кој го организираше СДСМ минатата недела.

Скандирања УЧК, УЧК, знамиња на Голема Албанија и прегратки со Зоран Заев беа дел од сликата пред Владата каде СДСМ го одржа митингот. Поддршката за 113 та бригата е всушност поддршка за терористите кои беа разбиени во Куманово, бидејќи тие се членови во најголем дел на оваа расформирана бригада. Практично луѓето со кои што се гушкаше Заев се поддржувачи на терористите во чија акција за разбивање загинаа 8 македонски полицајци.

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега