Цветановски: На колегите од регионот не им се верува дека имаме бесплатно образование и компјутер за секое дете
Проектот „Компјутер за секое дете“ е одличен чекор во ова време на информатичко општество, истакна почесниот претседател на СОНК Дојчин Цветановски синоќешната емисијата „Јади бурек“ на Сител 3.
- Ние кога сме разговарале со наши колеги од регионот, не само од соседството, туку и со колеги од Словенија, Хрватска и подалеку дека има компјутер за секое дете и бесплатно образование не ни веруваат. Значи толку многу се вложи во образованието, потенцираше тој.
Според него, во образованието е напревено многу во последните неколку години, колку и да сака некој да го негира тоа.
- Нека се најде барем еден што ќе каже дека државата погрешила што на ученикот во време на информатичко општество компјутерот е основно средство, вели Цветановски.
Тој додава дека иако од опозицијата плукаат врз сите проекти, тој е сигурен дека голем дел од нивното членство сигурно не мисли така, па дури и дел од раководството на опозицијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа