Соседот Предраг раскажува за хоророт - детали за петгодишното момченце кое падна од тераса

 

Петгодишниот А.Ј. од Ваљево кој падна од шести спрат и се бори за живот, бил сам во станот во кој живее со семејството. Како што пишува српскиот Курир, малото момченце кое преживеа пад од 20 метри, се уште е во болница и лекарите се борат за неговиот живот.

Несреќата се случила околу осум часот синоќа. Сосед кој го видел момчето веднаш притрчал да помогне. Повикал Брза помош која веднаш дошла.

- Го видов како лежи и веднаш истрчав да помогнам. Беше страшно,лежеше како да е мртов, вели соседот Предраг.

Детенцето било само во станот. Мајката која дошла за неколку минути веднаш се обидела да го реанимира додека лежело на плочникот. 

Лекарите прават се што е во нивна можност да го спасат малото момче.

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега