Временска прогноза за продолжениот викенд

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо со слаб локален дожд. Преку денот облачноста ќе се намалува и ќе биде сончево со умерена облачност и умерен наместа засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо со услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди.

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега