Додека СДСМ кампува пред Влада - Рада и Бобо одлетаа

Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски утринава ја напуштија Македонија преку аеродромот Александар Велики со летот во 5:50 часот за Загреб, пишува Вечер.

На фотографијата може да ги видите како се чекираат пред полетување.

Дали Загреб е нивна крајна дестинација, или Хрватска им е само транзит, засега немаме информации.

Сопред податоците на веб страната на аеродромот Александар Велики, до попладнево полетаа авионите за Виена, Цирих, Париз, Стокхолм, Белград, Истанбул.

Радмила Шеќеринска и Бобо Дајнерс се фотографирани на летот на Кроација за Загреб.

Од СДСМ не можеа ниту да потврдат ниту да демантираат дека Шеќеринска е надвор од Македонија

- Немаме коментар, беше кусиот одговор од партијата.

Дел од членството на СДСМ сеуште кампува на улица Илинденска прд владата во обид да изнуди оставка од премиерот Никола Груевски.

Радмила Шеќеринска и Зоран Заев се предводници на серијата насилни протести финансирани од СОРОС и Форум Групацијата кои започнаа пред десетина дена.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега