Претепан Саше Политико

Сопственикот на порталот Мактел Саше Политико денеска е претепан од непознати лица на улицата Михаил Чаков. Како што дознава Прес24 од полициски извори, Ивановски го нападнале две маскирани лица вооружени со метални шипки кога излегувал од својот автомобил. Се здобил со тешки повреди на главата поради што со возило на Брза помош е префрлен во болница.

Сличајот е пријавен во полиција.

Долг е списокот на лиѓе со кои Саше Ивановски - Политико имаше јавни несогласувања. Пред неколку дена главната уредничка на Утрински Соња Крамарска го удри пред камера, а ден претходно тој и упадна во линковското вклучување на новинарката на Канал 5 Мирјана Трпчевска.

Инцидентот се поклопува и со јавното барање на Политико Зоран Заев да си поднесе оставка по скандалот со поткуп од 200.000 евра во Струмица.

Политико беше во „војна“ и со уредникот на плусинфо и слободен печат Бранко Героски, но и со речиси цел Офф.нет, пред се со Трендо и Бетмен.

Неодамна со најниски зборови ги нападна и новинарите на Телма Александар Чомовски и Снежана Лупевска, а не штедеше навреди ниту за Каролина Гочева и Елена Ристеска.

Од МВР го потврдуваат случајот и информираат дека се води истрага за пронаоѓање на напаѓачите.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа