Бушати: Несигурноста во Македонија закана за евроинтеграцијата на целиот регион

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека политичката криза и етничката напнатост во Македонија може ги поткопа напорите на останатите балкански земји да се присоединат кон ЕУ, јави БТА.

- Безбедноста на една земја е неразделен дел од нашата заедничка безбедност...Тоа е закана за европската интеграција на целиот регион, рече Бушати.

Шефови на дипломатии и високи дипломати од неколку балкански земји, се сретнаа денеска во албанската престолнина Тирана, во обид заедно да дадат акцент на своите кандидатури за членство во ЕУ.

Средбата се одржа пред клучната посета на Тирана идната недела на српскиот премиер Александар Вучиќ, што е прва посета на Албанија на српски премиер.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека посетата ќе ја зајакне регионалната стабилност.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега