СКАНДАЛОЗНО: Заев ја поставува мултиетничноста како критериум во преговорите за решавање на спорот за името

Во интервју за косовската телевизија РТК, лидерот на опозицијата Зоран Заев ја постави мултиетничноста како критериум во преговорите за наметнатиот повеќедецениски спор за името.

Заев говорејќи за црвените линиии во спорот за името, вели дека не треба да се дозволи “да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики“.

-Доколку зборуваме за проблемот и вложуваме напори да најдеме решение , ќе успееме во тоа. Но нашата земја треба да има унифициран став по однос на ова прашање. Ние мора заеднички да ги поставиме црвените линии, а црвените линии не ни требаат само за пред Грција, туку за пристап кон решавање на проблемот, вели Заев.

На прашањето кои се неговите црвени линии, Заев одговара:

“Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики. Тоа се нашите одлики како држава, како народ кои неможат да се сменат. Но доколку зборуваме заедно со нашиот јужен сосед, со Грција, како соседи, јас сум сигурен дека ќе најдеме решение. Убеден сум во тоа.“  

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа