Заев: Многуммина зборуваат за Охридскиот договор, но ние мора да одиме подлабоко

Многумина зборуваат за Охридскиот договор, но ние мора да одиме подлабоко. Нема чесен однос на Владата и владите претходно во исполнување на критериумите од охридскиот договор. Нашата партија мора да го смени тоа.

Ова во интервју кое се емитуваше синоќа во емисијата „Jeta në Kosovë“  на косовската телевизија РТК 1 го вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охрискиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Лидерот на СДСМ додава дека сите мора да имаат еднакви права и потенцира за  „неискрено однесување на оваа Влада и претходните Влади во однос на исполнувањето на Охридскиот рамковен договор“.

- За мојата партија со нашата програма ние мора да го смениме тоа. Како ќе изгледа, како ли ќе изгледа промената во иднина. Во нашата земја е една држава со две општества, на Македонците и на Албанците. Ние треба да изградиме една држава со едно општество, вели Заев. 

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега