ВИДЕО: Чуварите на демократија во редица чекаа да играат „Едно евро к'ј Вицето"

Во кампот на Чуварите на демократијата денес се продолжи со активностите на камперите.

Во попладневните часови младите кампери ја играа онлајн играта „Едно евро к'ј Вицето".  Создавањето на играта е инспирирано од големиот скандал кој излезе во медиумите за митото кој го бараше струмичкиот градоначалник и претседател на СДСМ,  Зоран Заев.

На видео снимката која се појави на видео сервисот Јутјуб, Заев прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде дадено мито, кое како што Заев сам кажува треба да биде уплатено кај неговиот брат Вице Заев.

Заев во видеото отворено признава дека ваквиот тип на коруптивно однесување е стандардна пракса во неговото работење. Тој истакнува и конкретни примери во кои на ваков коруптивен начин и со добивање на мито ја завршувал работата.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега